ВОЗАЧИТЕ БЕЗ ЗАСТОЈ НА ГРАНИЦИТЕ – Но внимателно низ клисурите и котлините

Возачите се предупредуваат на можна појава на одрони на неколку патни делници низ државата.

ВОЗАЧИТЕ БЕЗ ЗАСТОЈ НА ГРАНИЦИТЕ – Но внимателно низ клисурите и котлините
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони. Поголема претпазливост се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, од 15 април повторно е отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, и тоа за сите возила со тежина до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This