ФИЛМСКА, ПОП И СОВРЕМЕНА ХОРСКА МУЗИКА Градскиот мешан хор „Вардар“ со годишен концерт
Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма која ги обединува различните музички жанрови и стилови, преку познати филмски мелодии, современи хорски композиции и обработки на македонски народни композиции.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје на 15 ноември 2026 година (недела), во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 19:30 часот, ќе го одржи својот годишен концерт под наслов „Филмска, поп и современа хорска музика“.
Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма која ги обединува различните музички жанрови и стилови, преку познати филмски мелодии, современи хорски композиции и обработки на македонски народни композиции. Со овој концерт, хорот „Вардар“ ја продолжува својата мисија за негување и афирмација на хорската уметност, истовремено претставувајќи ја разновидноста и богатството на хорскиот израз.
Годишниот концерт претставува можност за средба на хорот со својата публика и уште една потврда за неговата посветеност на музиката, уметноста и културниот живот во Скопје.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
Ве покануваме да бидете дел од ова музичко доживување!
Диригент : Јасмина Ѓорѓеска – Каро
Пијано придружба: Андреј Наунов
Датум: 15.11.2026 година
Време: 19:30 часот
Место: Музеј на македонската борба за самостојност, Скопје

