УХМР ПРЕДУПРЕДУВА – Денеска дожд, грмежи и можно невреме во повеќе региони

Температурите ќе се движат од 6 до 28 степени, а времето ќе биде нестабилно во повеќе региони низ државата.

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА – Денеска дожд, грмежи и можно невреме во повеќе региони
Фото: Национал

Времето денеска (08.05.)  ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и температура во интервал од 6 до 28 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер.

CATEGORIES
Share This