ТОПЛО И СОНЧЕВО, НО НЕ ЗА ДОЛГО Попладне дожд и грмежи

По сончевото и топло претпладне, од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за краткотрајно невреме со град.

ТОПЛО И СОНЧЕВО, НО НЕ ЗА ДОЛГО Попладне дожд и грмежи
Фото: Национал

Времето денеска (07.06)  ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура во интервал од 11 до 33 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

CATEGORIES
Share This