ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ Утринска магла во котлините и ветер долж Повардарието

Температурите ќе се движат од 3 до 15 степени, а во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за појава на утринска магла.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ Утринска магла во котлините и ветер долж Повардарието
Фото: Национал

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со краткотрајни сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Минималната температура ќе изнесува 3, а максималната ќе достигне 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен.

CATEGORIES
Share This