ПАТУВАЊЕ НИЗ СКОПЈЕ КОЕ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ Граѓаните ја откриваа историјата на старото Скопје

Панорамски автобус и стручно водство ги вратија скопјани низ времето, до објектите и местата што го обликувале старото Скопје

ПАТУВАЊЕ НИЗ СКОПЈЕ КОЕ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ Граѓаните ја откриваа историјата на старото Скопје
Фото: Принтскрин

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Градот Скопје денеска организираше бесплатен панорамски разглед на градот, посветен на историјата, спомените и духот на старо Скопје.

Граѓаните, со панорамски автобус и во придружба на стручен туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, имаа можност да дознаат повеќе за изгледот на Скопје пред земјотресот, за објектите кои биле разрушени, но и за местата што оставиле траен белег врз препознатливиот лик и животот на градот.

„Скопје е град кој ја претворил трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.

Тој порача дека зачувувањето на сеќавањата за минатото, негувaњето на културното и историското наследство и пренесувањето на приказната за Скопје на идните генерации претставуваат заедничка обврска.

СКОПЈЕ КАКО ШТО НИКОГАШ НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ Бесплатен панорамски разглед по повод годишнината од земјотресот

CATEGORIES
Share This