ИРАН ЈА ОБВИНИ ЕУ Поддржувате напади врз ирански цивили

Портпаролот на иранското МНР, Исмаил Багаеи, ја обвини Европската Унија дека со логистичка и техничка поддршка придонела за нападите врз иранските цивили.

ИРАН ЈА ОБВИНИ ЕУ Поддржувате напади врз ирански цивили
Фото: Принтскрин

Иран ја обвини Европската Унија дека со својата поддршка за САД и Израел директно придонела за нападите врз иранското цивилно население.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаеи, ја обвини шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, за лицемерие поради нејзините критики за човековите права во Иран, додека, како што тврди тој, ЕУ ги игнорира нападите врз ирански цивили.

„Како може толку силна посветеност на човековите права толку лесно да се комбинира со обезбедување логистичка и техничка поддршка за смртоносни напади врз иранскиот народ – напади намерно извршени врз цивили и национална инфраструктура?“, напиша Багаеи на социјалните мрежи.

Тој додаде дека Калас никогаш не изразила жалење за загубата на ирански деца во нападите за кои Техеран тврди дека биле поддржани од Европската Унија.

Според иранското Министерство за надворешни работи, на 28 февруари, првиот ден од американските и израелските напади врз Иран, било погодено женско училиште во јужниот дел на земјата. Иранските власти тврдат дека во нападот загинале 168 ученички и 14 наставници и членови на училишниот персонал.

Техеран дополнително тврди дека училиштето било погодено со американски крстосувачки ракети „Томахавк“.

CATEGORIES
Share This