ПЕТРОВСКИ ГО ОДБРА ТИМОТ ЗА ДУЕЛОТ СО РОМАНИЈА 12 кошаркарки ќе ја претставуваа Македонија на вечерашното гостување во Букурешт
Македонските кошаркарки ги очекува сериозен предизвик против домашната селекција, а избраничките на Петровски ќе имаат можност да го покажат својот квалитет и борбеност во обидот да дојдат до позитивен резултат.

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за вечерашниот натпревар против Романија, откако го одработи и последниот тренинг во салата „Поливалента Рапид“ во Букурешт.
Непосредно по завршувањето на тренингот, селекторот Виктор Петровски го одреди конечниот список на кошаркарки на кои ќе смета за дуелот против романската селекција, кој е закажан со почеток во 17:00 часот.
Во финалниот ростер се најдоа 12 кошаркарки кои ќе го носат македонскиот дрес и ќе се обидат да стигнат до што е можно подобар резултат на гостувањето во романската престолнина.
Списокот на повикани кошаркарки го сочинуваат:
Ана Милованова, Сања Адамовска, Сара Максимовска, Марија Митева, Катерина Поп-Димитровска, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Јана Пислевска, Јована Петрушевска, Глорија Груевска, Тијана Митрева и Цветанка Димова.