СКОПЈЕ КАКО ШТО НИКОГАШ НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ Бесплатен панорамски разглед по повод годишнината од земјотресот

раѓаните ќе имаат можност да го откријат Скопје пред катастрофалниот земјотрес од 1963 година и да ги слушнат приказните за објектите што исчезнале од лицето на градот.

СКОПЈЕ КАКО ШТО НИКОГАШ НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ Бесплатен панорамски разглед по повод годишнината од земјотресот
Фото: Принтскрин

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот.

Разгледот ќе се реализира со панорамски автобус, а на граѓаните ќе им биде овозможено низ приказните на професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници да го запознаат Скопје од времето пред земјотресот.

Учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за некогашниот изглед на градот, за објектите кои биле разрушени во катастрофалниот земјотрес, но и за местата кои оставиле траен белег врз историјата и духот на Скопје.

Поаѓањето е предвидено од Порта „Македонија“ во 10:00 часот.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават за бесплатниот панорамски разглед на телефонскиот број +389 71 250 419.

Од Град Скопје велат дека ова е можност да се потсетиме на минатото, да ја зачуваме меморијата за Скопје и неговата историја и приказната за градот да ја пренесеме на идните генерации.

CATEGORIES
Share This