МАКЕДОНИЈА ЈА РАЗБИ СЛОВАЧКА – Убедливи 31:24 и голем чекор кон СП 2027
Македонските ракометари одиграа зрело и сигурно во Прешов и направија голем чекор кон пласман на Мундијалот 2027.

Ракометната репрезентација на Македонија направи голем чекор кон пласман на Светското првенство 2027 година во Германија, откако вечерва во Прешов ја совлада Словачка со 31:24 (18:13) во првиот бараж натпревар.
Избраниците на селекторот Кире Лазаров го оправдаа фаворитскиот статус и прикажаа квалитетна и контролирана игра во текот на целиот меч.
Првото полувреме започна изедначено, а по водството на Словаците од 10:9, Македонија со серија од 8:4 на пауза замина со предност од 18:13.
Во второто полувреме македонските ракометари целосно ја презедоа контролата на играта и рутински ја одржуваа разликата, завршувајќи со убедливи седум гола предност. Овој резултат го прави реваншот во Скопје многу поволен за македонскиот тим.
Најзаслужни за победата беа капитенот Кузмановски со 10 голови, Лазаревски со седум, како и голманот Томовски со три интервенции.
Реванш натпреварот во Скопје е закажан за недела во 19:00 часот.
СЕ ИЛИ НИШТО ЗА МАКЕДОНИЈА – Започна битката за Светското првенство 2027
