ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Протести во Куба, се започнува со свирчиња

Граѓаните излегоа на улиците во Хавана поради најдолгите прекини на струја во последните децении.

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Протести во Куба, се започнува со свирчиња
Фото: Принтскрин

Во Хавана, Куба избувнаа протести поради сериозни и долготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, кои се опишуваат како најтешки во последните неколку децении, пренесе Ројтерс. Стотици граѓани излегоа на улиците, удираа по тенџериња и бараа итно враќање на струјата, додека на неколку места биле блокирани и патишта.

Кубанскиот министер за енергетика, Висенте де ла О, предупреди дека електроенергетскиот систем се наоѓа во „критична состојба“ и потврди дека резервите на дизел и мазут се целосно потрошени.

„Немаме повеќе резерви“, изјави тој за државните медиуми.

Во голем дел од Хавана, домаќинствата се соочуваат со прекини на струја кои траат и до 20-22 часа дневно. Покрај тоа, кризата се продлабочува и поради недостиг од храна, лекови и гориво.

Според извештаи, САД од почетокот на годината ги ограничуваат испораките на нафта кон Куба, а санкциите биле дополнително заострени во јануари. Се наведува и дека Венецуела и Мексико повеќе не доставуваат гориво до островот.

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно се заканил со царини кон држави што би извезувале гориво за Куба. Од декември наваму, само еден поголем руски танкер испорачал сурова нафта на островот.

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА ВНУКОТ НА ФИДЕЛ КАСТРО – Куба сака капитализам

CATEGORIES
TAGS
Share This