ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ 2026 Повик за вклучување во кампањата „Сите имаме своја улога“

ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ 2026 Повик за вклучување во кампањата „Сите имаме своја улога“

Од 26 октомври до 2 ноември 2026 година ќе се одржат Деновите на медиумската писменост (ДМП 2026), во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Мрежата за медиумска писменост (ММП). Со оваа иницијатива, Македонија по осми пат се приклучува кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

 

Мотото на годинашното издание е „Сите имаме своја улога“, кое се надоврзува на глобалната тема „Сите имаме своја улога – медиумска и информациска писменост за луѓето“ („We All Play a Part – Media and Information Literacy for the People“).

Кампањата ја нагласува важноста на придонесот на секој поединец, организација, институција и медиум во развивањето на критичкото мислење и јакнењето на отпорноста кон дезинформациите и штетните содржини.

По тој повод, АВМУ и ММП упатуваат повик до медиумите и другите заинтересирани субјекти да се вклучат во промовирањето на Деновите на медиумската писменост 2026 преку објавување и споделување на промотивните материјали од кампањата. Материјалите се достапни на македонски, албански и англиски јазик, а приспособени се и за лицата со сетилна попреченост преку титлување.

CATEGORIES
TAGS
Share This