ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, сабота, 18 јули 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, сабота 18 јули 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: По однос на позициите на Владата ги упатуваме СДС на статусот на Заменикот Државен Секретар Ландау

По однос на позициите на Владата ги упатуваме СДС на статусот на Заменикот Државен Секретар Ландау.

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Тимчо Муцунски во Вашингтон зборувал за „потврдена определба“ и соработка со САД. Прашањето е дали им ја кажа целата вистина на нашите стратешки партнери? Дали Муцунски им спомена дека во македонската влада седи човек кој јавно промовира соработка со „Ноќните волци“ на Путин и со Комунистичката партија на Кина? Дали им кажа дека ВМРО-ОКГ намерно ја кочат Реформската агенда за да го блокираат европскиот пат на Македонија и да ги исполнат желбите на руската страна? Дали им кажа дека реформите се стопираат токму затоа што Европа носи независно судство, европско обвинителство и одговорност за криминал и корупција, нешто што прво Мицкоски, а потоа целата негова организирана криминална група, не го сакаат?

Нашиот стратешки партнер, САД, заслужува да ја знае вистината. Не само за „определба“, туку и за тоа дека дел од македонската влада работи по агендата на Белград, Пекинг и Москва, а не за интересите на Македонија. Дали Муцунски им ја пренесе оваа вистина во Вашингтон?

Или повторно се обиде да ја прикрие реалноста пред нашите сојузници? Граѓаните на Македонија заслужуваат одговор.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Се караа пред народот, а зад сцената делеле милиони – бура околу Изборниот законик

Измените на Изборниот законик и јавните препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ се само „режирана претстава“ за народот, а вистинската цел, според Единствена Македонија, била обезбедување на буџетски средства за финансирање на изборните кампањи.

Од партијата тврдат дека зад јавните несогласувања се постигнал договор со кој постојниот Изборен законик продолжува да фаворизира само дел од политичките субјекти.

Според нивните пресметки, на предвремените парламентарни избори пролетта во 2027 година, во рамки на 20-дневната изборна кампања, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН би добиле по околу 800.000 евра од буџетот. Левица и ЗНАМ би добиле околу 300.000 евра, додека останатите парламентарни партии без пратеничка група околу 200.000 евра.

Единствена Македонија оценува дека со ваквиот модел вонпарламентарните партии се практично исклучени од изборната трка, бидејќи без државно финансирање немаат еднакви услови за водење кампања и комуникација со граѓаните.

„Ако едни партии добиваат милионски суми од државниот буџет, а други се оставаат без никаква поддршка, тогаш не може да се зборува за фер и демократски изборен процес“, наведуваат од партијата.

Од Единствена Македонија ги повикуваат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, како што велат, доколку навистина се залагаат за фер Изборен законик, да го прифатат нивниот амандман за укинување на државното финансирање на политичките партии.

Според партијата, доволно е да се укине само еден член од Изборниот законик со кој се предвидува финансирање на изборните кампањи од државниот буџет, со што би се отстранила, како што велат, нееднаквоста меѓу политичките субјекти.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
Share This