ДОМОВИТЕ ПРЕПОЛНИ Бројот на сместени студенти и ученици скокна за 7 проценти
Државниот завод за статистика објави дека во учебната 2025/2026 година во ученичките и студентските домови се сместени 5.232 лица, што е за 7 проценти повеќе од претходната година.

Фото: Национал
Бројот на ученици и студенти сместени во ученички и студентски домови во учебната 2025/2026 година достигнал 5.232 лица, што е за 7 проценти повеќе во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во земјава функционираат 9 студентски и 19 ученички домови, во кои е обезбедено сместување за различни категории ученици и студенти.
Од вкупниот број сместени лица, најголем дел се студенти – 3.427, додека во домовите престојуваат и 1.750 средношколци, 55 ученици од основно образование, 31 ученик од православни верски училишта и 57 ученици од исламски верски училишта.
CATEGORIES Македонија


