ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА Проверете дали вашата населба е на списокот

ЈП „Водовод и канализација“ со вонредна најава за прекини во неколку скопски општини.

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА Проверете дали вашата населба е на списокот
Фото: Принтскрин

Жителите на неколку скопски населби денеска (06.06) ќе се соочат со прекини или намален притисок во водоснабдувањето поради дефекти и технички интервенции, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во Општина Центар, поради дефект во шахта и монтажа на водомер, од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во делот спроти Католичката црква. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Проблеми со водоснабдувањето се можни и во Општина Бутел. Во населбите Радишани и Кучевишка Бара од 05:00 часот е најавен можен прекин или намален притисок на водата поради технички зафати во трафостаница во пумпната станица Бутел, кои ги изведува ЕВН.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение до целосно завршување на интервенциите и нормализирање на водоснабдувањето.

CATEGORIES
Share This