МОЖЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ АДУТ ПРОТИВ БУГАРИЈА Бачев потсети на својата книга

Три години од објавувањето на книгата „Договорите со Бугарија од 2017 и 1947 година и Планот за обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија“, Јанко Бачев повторно го актуелизира прашањето дали договорите од 1947 година треба да станат дел од македонската преговарачка стратегија.

МОЖЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ АДУТ ПРОТИВ БУГАРИЈА Бачев потсети на својата книга
Фото: Принтскрин

Професорот и претседател на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ потсети на тригодишнината од објавувањето на неговата книга посветена на договорите меѓу Македонија и Бугарија од 1947 и 2017 година и на планот за обединување на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија.

Книгата, според Бачев, отвора прашања за историските договори со Бугарија и нивното значење за денешните македонско-бугарски односи, но и за можноста тие да станат основа за поинаков пристап на Македонија во преговорите со источниот сосед. Во фокусот на книгата се договорите од 1947 година, познати како Бледски спогодби, кои Бачев ги посочува како важен историски документ за разгледување на македонско-бугарските односи.

Една од централните идеи во книгата е дека Македонија треба да го преиспита досегашниот модел на преговори со Бугарија и да изгради поинаква стратегија, заснована и врз историските документи од 1947 година. Бачев го поврзува овој пристап со прашањата за заштитата на македонскиот национален интерес, положбата на македонскиот народ и правата на Македонците во Пиринска Македонија.

CATEGORIES
TAGS
Share This