ЗНАМ – НАМЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПРЕДАВСТВО НА СДСМ финансирано од ВМРО-ДПМНЕ
Уште малку. Доаѓа времето на вистината и правдата. ЗНАМ тоа го знае

Максим Димитриевски денеска рече дека завршило времето на политичари што се натпреваруваа кој ќе летува на поексклузивна дестинација (веројатно мисли на Мицкоски и неговите патувања со државниот авион) и дека дошло време за отчет пред граѓаните. Да, Максо. Време е.
Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката. За предавство на партијата. За предавство на гласачите. За Пошта. За тендерите.
Доста го крадевте буџетот на граѓаните на Македонија. ЗНАМ е здружение што го создаде и го финансираше Мицкоски. Сега ве финансира преку тендери. Ви го плаќаше уделот во тендер-коалицијата. Тоа здружение, ЗНАМ, повеќе не постои.
Не постои во анкетите. Не постои кај граѓаните. Си одат пратеници. Си одат советниците по општините. Остануваат само Максо и Минчев. Останатите седат само уште малку, колку да си го наплатат предавството. Ете колку остана од ЗНАМ.
А остана уште и граѓаните да ви ја испорачаат сметката. И да одговарате за криминал и корупција. Уште малку. Доаѓа времето на вистината и правдата.
ЗНАМ тоа го знае – се вели во соопштението на СДСМ.


