ЌЕ ПОБЕДИМЕ – Путин со порака за истрајност, руската армија „Одиме до крај“

Рускиот претседател порача дека Москва ќе дејствува внимателно, упорно и доследно, додека Министерството за одбрана порача дека вооружените сили ќе продолжат прецизно да дејствуваат на бојното поле.

ЌЕ ПОБЕДИМЕ – Путин со порака за истрајност, руската армија „Одиме до крај“
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот се сретна во Кремљ со пратениците од осмото свикување на Државната дума, на средба посветена на резултатите од нивната работа во изминатите пет години.

За време на церемонијата на доделување награди на истакнати пратеници, еден од нив му порача на Путин:

„Ќе победиме, но порешително“.

Путин одговори дека Русија ќе продолжи да дејствува „внимателно, но упорно и доследно“, со цел да ги постигне поставените цели.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана порача дека вооружените сили ќе продолжат со внимателно и прецизно дејствување на бојното поле.

„Победата доаѓа од професионалци: работиме внимателно, прецизно нишаниме и одиме до крај“, се наведува во објава на Министерството за одбрана на платформата „Макс“.

CATEGORIES
Share This