ЗЕЛЕНСКИ СО МРАЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Може да биде тешка, или уште полоша
Украинскиот претседател предупреди дека земјата мора да биде подготвена за исклучително тешки услови во претстојните месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика граѓаните да се подготват за тешки услови во текот на претстојната зима, предупредувајќи дека ситуацијата може да биде уште потешка од очекуваното.
„Пред сè, ќе мора да се подготвиме за многу тешка зима. Никој не може да замисли каква ќе биде. Може да биде тешка, или уште полоша“ – изјави Зеленски во интервју за „Скај њуз“.
Тој нагласи дека на Украина ѝ е потребен премиер кој ги разбира предизвиците што следуваат и кој ќе биде целосно фокусиран на енергетскиот сектор.
На 16 јули, украинската Врховна Рада го назначи извршниот директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, за премиер на земјата.
Украинскиот портал „Страна.уа“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Корецки е близок соработник на Тимур Миндич, кој се споменува во истрага поврзана со корупција во енергетскиот сектор.


