ОД 10-ТИ ДО 12-ТИ НОЕМВРИ 2026 ЌЕ СЕ ОДРЖИ Национален Форум за Младинска Работа во просториите на Младински Центар Охрид.

Во рамки на Форумот ќе се одржи и свечено доделување на националната награда „Младински пријателски град“, со која ќе бидат наградени осум општини, по една од секој плански регион, за постигнатиот напредок во спроведувањето на обврските и стандардите предвидени со Законот за младинско учество и младински политики.

ОД 10-ТИ ДО 12-ТИ НОЕМВРИ 2026 ЌЕ СЕ ОДРЖИ Национален Форум за Младинска Работа во просториите на Младински Центар Охрид.
Фото: SEGA Office

Од 10-ти до 12-ти ноември 2026 година ќе се одржи Националниот Форум за Младинска Работа, во просториите на Младински Центар Охрид.  Форумот претставува национална платформа за размена на искуства, идеи и добри практики помеѓу младински организации, институции, општини и останати чинители кои работат во областа на младинските политики и младинската работа.

Во текот на настанот ќе се реализираат панел-дискусии, работилници, презентации и интерактивни сесии насочени кон унапредување на младинската работа и зајакнување на меѓусекторската соработка.

Во рамки на Форумот ќе се одржи и свечено доделување на националната награда „Младински пријателски град“, со која ќе бидат наградени осум општини, по една од секој плански регион, за постигнатиот напредок во спроведувањето на обврските и стандардите предвидени со Законот за младинско учество и младински политики.

Очекуваме присуство на претставници од релевантни институции, единици на локална самоуправа, младински организации, меѓународни партнери и млади активисти од целата држава.  Ги покануваме сите заинтересирани медиуми да го проследат настанот и да придонесат кон поголема видливост на младинските политики, младинската работа и успешните локални практики кои ги поддржуваат младите.

Ве очекуваме на 11 ноември од 09:45 до 10:00 часот за земање изјави од учесниците. Во прилог Ви ја доставуваме агендата за настанот.  За дополнителни информации и координација околу медиумското покривање, Ве молиме контактирајте со Елена Ристеска на телефон 076 717 942.

Ви благодариме за интересот и поддршката. Со почит, Зоран Илиески Извршен директор Коалиција на младински организации СЕГА.

Националниот Форум за Младинска Работа го организираат Коалиција на младински организации СЕГА и Младински Центар Охрид, во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA), Регионалната канцеларија за млади (RYCO) и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОBSE), со заедничка цел за унапредување на квалитетот, препознавањето и одржливоста на младинската работа во Република Северна Македонија преку размена на искуства, добри практики и иницијативи меѓу младински работници, организации, институции и млади лица од целата држава.

Агендата на настанот може да ја видите ТУКА

CATEGORIES
Share This