КРАЈ ЗА CYBERTRUCK? Маск наводно ја затвора приказната за електричниот пикап по огромното промашување на продажните прогнози
Наместо планираните 250.000 возила годишно, Tesla во текот на 2025 година продала само околу 25.000 Cybertruck пикапи, што претставува големо разочарување за компанијата.

Елон Маск на социјалната мрежа X објави дека проектот Cybertruck се соочува со затворање, по сериозното потфрлање на продажбата во однос на првичните очекувања.
Наместо планираните 250.000 возила годишно, Tesla во текот на 2025 година продала само околу 25.000 Cybertruck пикапи, што претставува големо разочарување за компанијата.
Според информациите, производството би можело да запре околу средината на 2027 година.
Купувачите кои веќе нарачале возило, а нема да можат да го добијат поради евентуалниот прекин на производството, би требало да бидат обештетени и да им бидат вратени уплатените средства.
Информациите за затворање на проектот Cybertruck и прекинување на производството засега немаат официјална потврда од Tesla.
CATEGORIES Магазин

