ВРЕМЕНСКА ПРОМЕНА Обилен дожд во делови од Македонија, се очекуваат над 25 литри на квадрат

Облачно и дождливо време низ Македонија, со локално пообилни врнежи и температури од 3 до 12 степени. Кон крајот на денот дождот постепено ќе престане.

ВРЕМЕНСКА ПРОМЕНА Обилен дожд во делови од Македонија, се очекуваат над 25 литри на квадрат
Фото: Принтскрин

Македонија денеска ја очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар.

Според временската прогноза, во текот на денот ќе преовладува облачно време, а врнежите ќе бидат поизразени во одредени делови од земјата. Кон крајот на денот се очекува нивно постепено престанување.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, особено долж Повардарието.

Минималната и максималната температура ќе се движат во интервал од 3 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This