КОГА АЛБАНЦИТЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ – ДОБРО Кога Македонците – проблем?!

Претседателот на Единствена Македонија реагира на двојните аршини околу повиците за заеднички кандидати во Брвеница, Струга и Кичево.

КОГА АЛБАНЦИТЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ – ДОБРО Кога Македонците – проблем?!
Фото: Национал

Професорот и претседател на Единствена Македонија, Јанко Бачев, реагираше на, како што оцени, двојните аршини во политичките повици за обединување на партиите по етничка основа.

Бачев посочува дека е крајно навредливо за Македонците кога претставници на албанските партии повикуваат на обединување и поддршка за заеднички кандидат Албанец, како што беше случајот на неделните избори во Брвеница, а кога Македонците предлагаат слично обединување зад заеднички кандидат како што беа примерите во Струга или Кичево, веднаш следуваат обвинувања дека тоа создава тензии, поделби и проблеми.

„Кога Албанците се обединуваат – добро, кога Македонците – проблем?!“, прашува Бачев.

Тој посочува дека не може да важат едни правила за албанските партии, а сосема други за македонските политички субјекти, особено кога станува збор за изборна поддршка и заеднички кандидати.

 

 

CATEGORIES
TAGS
Share This