АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ Внимавајте на овие четири патни правци, можни се одрони

Нема подолги задржувања на граничните премини, а патот преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тони.

АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ Внимавајте на овие четири патни правци, можни се одрони
Фото: Принтскрин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони.

Посебна претпазливост се препорачува на следните делници: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово, Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.

Од АМСМ препорачуваат возачите да бидат внимателни и да ги приспособат брзината и начинот на возење на условите на патиштата.

CATEGORIES
Share This