ВАРДАР ТРГНУВА ВО НОВА ЕВРОПСКА БИТКА Познато кога се големите пресметки со Нант и Висла
„Црвено-црните“ европската сезона ќе ја отворат со гостување кај Мелсунген, а скопската публика први ќе ги гледа против францускиот гигант Нант.

Фото: Принтскрин
Македонскиот ракометен шампион Вардар го доби официјалниот распоред за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.
„Црвено-црните“ европската авантура ќе ја отворат на 10 септември со гостување кај германскиот Мелсунген, додека првиот натпревар пред својата публика ќе го одиграат шест дена подоцна, кога во Скопје ќе го пречекаат француски Нант.
Во првите шест кола Вардар ќе одигра по два натпревари против секој од трите противници во групата. Четири средби се закажани во вечерниот термин од 20:45 часот, додека два натпревари ќе започнат во 18:45 часот.
Распоред на Вардар во групната фаза:
- 1. коло (10 септември, 20:45): Мелсунген – Вардар
- 2. коло (16 септември, 20:45): Вардар – Нант
- 3. коло (8 октомври, 20:45): Вардар – Висла Плоцк
- 4. коло (15 октомври, 18:45): Висла Плоцк – Вардар
- 5. коло (21 октомври, 20:45): Нант – Вардар
- 6. коло (28 октомври, 18:45): Вардар – Мелсунген
CATEGORIES Ракомет

