ДОАЃА ДИГИТАЛНОТО ЕВРО Еве што ќе можат да прават граѓаните со новата апликација

Европската централна банка ги откри планираните функции за пристапност на апликацијата, а тестирањето на дигиталното евро е најавено за 2027 година.

ДОАЃА ДИГИТАЛНОТО ЕВРО Еве што ќе можат да прават граѓаните со новата апликација
Фото: Принтскрин

Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави планираните функции за пристапност на апликацијата за дигиталното евро, преку која граѓаните ќе можат да ги користат основните услуги поврзани со новата дигитална валута. Од ЕЦБ информираат дека апликацијата ќе биде развиена според највисоките стандарди за пристапност и ќе ги надминува барањата предвидени со Европскиот акт за пристапност, со цел да биде лесно употреблива за сите корисници.

Меѓу предвидените функционалности се подобрен визуелен приказ, целосна навигација преку тастатура, поддршка за читачи на екран, предупредувања пред истекување на времето, поедноставен јазик, механизми за спречување грешки, како и можност за намалување на анимациите и движењата на екранот. Целта е дигиталното евро да биде достапно за сите граѓани, без разлика на нивните потреби, способности или нивото на дигитални вештини.

Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, истакна дека дигиталното евро, исто како и готовината, треба да претставува јавно добро кое ќе биде достапно за секој европски граѓанин под еднакви услови. Концептот е подготвен во соработка со организации за заштита на потрошувачите, експерти за пристапност и националните централни банки.

Апликацијата сѐ уште е во фаза на развој, а тестирањето на нејзината употребливост и пристапност е планирано да започне во рамките на пилот-проектот за дигиталното евро во 2027 година. Покрај официјалната апликација на Евросистемот, корисниците ќе можат да пристапуваат до услугите за дигиталното евро и преку платформите на своите банки и другите даватели на платежни услуги.

ДИГИТАЛНО ЕВРО Новиот чекор кон финансиската независност на Европа

CATEGORIES
Share This