ТРАГЕДИЈА НА РАДИШАНСКА 19-годишен мотоциклист почина по судир со автомобил
Младиот возач на мотоциклот починал на местото на несреќата по судир со автомобил „Алфа Ромео“.

Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска попладне во скопската населба Бутел, во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист.
Несреќата била пријавена во СВР Скопје во 12:12 часот, на улицата „Радишанска“, каде дошло до судир меѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот С.Б., и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Н.М. од скопско.
Од ударот, младиот мотоциклист починал на местото на несреќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски екипи и надлежните служби извршуваат увид на местото на настанот, по што ќе бидат познати причините и околностите кои довеле до трагичниот судир.
CATEGORIES Македонија

