НОВА ДОБРА ВЕСТ ЗА ЕКОНОМИЈАТА Инфлацијата падна на 2,3 отсто

Јули донесе пресврт со тоа што инфлацијата падна на најниско ниво во последниот период.

НОВА ДОБРА ВЕСТ ЗА ЕКОНОМИЈАТА Инфлацијата падна на 2,3 отсто
Фото: Принтскрин

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за движењето на инфлацијата се показател дека владините економски политики даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови.

Според податоците на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јули 2026 година се намалила на 2,3 отсто, продолжувајќи го трендот на забавување на растот на цените. За споредба, инфлацијата во април изнесувала 5,7 отсто, во мај 4,8 отсто, а во јуни 3,4 отсто.

Димитриеска-Кочоска посочи дека намалување на растот на цените е забележано кај речиси сите категории производи и услуги, со исклучок на транспортот.

„Ова е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата“, истакна министерката.

Таа додава дека покрај намалувањето на инфлацијата, позитивни резултати се забележуваат и кај извозот, индустриското производство и вработеноста. Исто така, нагласи дека економските показатели се потврдени и преку растот на даночните приходи во државниот буџет заклучно со 31 јули 2026 година.

Министерката најави дека Владата и во следниот период ќе продолжи внимателно да ги следи економските движења и да презема мерки со цел заштита на животниот стандард на граѓаните и дополнително јакнење на македонската економија.

CATEGORIES
Share This