ТИСА НЕ ЧЕКА: ПЕТЕР МАЃАР БАРА ИТЕН ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ Што се подготвува во Унгарија
Тиса бара изборот на новиот шеф на државата да биде ставен на дневен ред на вонредната седница на 11 август, со потписи од 43 пратеници

Парламентарната група на Тиса денеска поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредната седница закажана за 10 и 11 август. Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде ставен како дополнување на дневниот ред, при што гласањето би се одржало во вторник, 11 август.
Од Тиса образложуваат дека изборот мора да се спроведе во рокот предвиден со Уставот на Унгарија, поради што бараат постапката да биде вклучена во агендата на вонредната седница. Иницијативата ја поднесе шефицата на парламентарната група на Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а документот, покрај лидерот на партијата Петер Маѓар, го потпишаа и уште 42 пратеници.
Барањето за итен избор на претседател доаѓа во период на засилена политичка активност во Унгарија, што дополнително го отвора прашањето дали станува збор само за исполнување на уставна процедура или зад иницијативата има и поширока политичка стратегија на Тиса.
Предлогот сега треба да биде разгледан во рамките на собраниската процедура, а исходот ќе покаже дали парламентарното мнозинство ќе дозволи изборот на новиот шеф на државата да се најде на дневен ред на вонредната седница.

