ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ Температури до 25 степени

Северниот ветер ќе засилува, а долж Повардарието ќе достигнува и до 60 километри на час.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ Температури до 25 степени
Фото: Национал

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Во западните и планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Температурите ќе се движат од 7 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This