ПО ТВРДЕЊАТА ДЕКА ЕУ Е ИСФРЛЕНА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА, СТИГНА ПОТВРДА ОД ПАРИЗ Франција ќе учествува во разговорите во Абу Даби

Европските претставници ќе бидат вклучени во разговорите за Украина на 10 и 11 ноември, на кои ќе учествуваат Украина, САД и Русија.

ПО ТВРДЕЊАТА ДЕКА ЕУ Е ИСФРЛЕНА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА, СТИГНА ПОТВРДА ОД ПАРИЗ Франција ќе учествува во разговорите во Абу Даби
Фото: Принтскрин

Европските претставници сепак ќе учествуваат во разговорите за Украина, кои на 10 и 11 ноември треба да се одржат во Абу Даби меѓу претставниците на Украина, Соединетите Американски Држави и Русија. Потврдата ја соопшти францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, откако во изминатиот период сè почесто се отвораше прашањето дали Европа ќе биде исклучена од преговорите за завршување на војната.

„Европејците ќе бидат соодветно претставени, а Франција ќе биде во Абу Даби за да учествува во тие разговори“, изјави Баро во интервју за француското радио RTL.

Тој додаде дека сè уште не може да открие кој конкретно ќе ја претставува Франција, но категорично потврди дека земјата ќе има свое учество во разговорите.

Во последните недели во европските политички кругови се изразуваше загриженост дека Европската Унија би можела да остане надвор од клучните преговори, иако евентуалниот мировен договор директно ќе влијае врз безбедноста на европскиот континент. Претходните најави за форматот на разговорите во Абу Даби предвидуваа трилатерални преговори меѓу Украина, САД и Русија, без формално учество на европските претставници.

Дополнителен притисок за вклучување на Европа имаше и од европските лидери. Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара формирање заедничка европска преговарачка позиција, додека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оцени дека учеството на ЕУ треба да овозможи јасно застапување на европските интереси и поддршка за Украина.

Баро порача дека европските земји во изминатите недели јасно им ставиле до знаење на американските посредници дека за иднината на европскиот континент не може да се разговара без да се земат предвид европските очекувања и барања.

„Франција ќе се погрижи гласот на Европа да биде слушнат“, порача францускиот министер.

Разговорите во Абу Даби се очекува да бидат посветени на можностите за завршување на војната во Украина, безбедносните гаранции по војната и намалувањето на тензиите меѓу двете завојувани страни.

CATEGORIES
TAGS
Share This