ТАЖНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО Почина познатиот торакален хирург проф. д-р Зоран Спировски

Македонското здравство загуби познат лекар, универзитетски професор и хирург со децениско искуство, кој остави значаен белег во лекувањето на пациентите и образованието на новите генерации лекари.

ТАЖНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО Почина познатиот торакален хирург проф. д-р Зоран Спировски
Фото: Принтскрин

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Веста за неговата смрт ја соопшти министерот за здравство Сашо Клековски преку објава на својот профил на Фејсбук, во која истакна дека Спировски оставил длабока трага во македонското здравство.

„Торакален хирург со децениски стаж, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Спировски остави длабока трага во македонското здравство. Им помогна на безброј пациенти, а генерации млади хирурзи ги учеше на знаење, посветеност и човечност“, напиша Клековски.

Министерот изрази сочувство до семејството, колегите и сите што го познавале, упатувајќи порака на поддршка во тешките моменти по загубата на професорот.

Со неговата смрт македонската медицина загуби искусен хирург и професор, чие професионално наследство ќе продолжи да живее преку пациентите на кои им помогнал и генерациите лекари што ги образувал.

CATEGORIES
Share This