ОБЛАЦИ, ДОЖД И МАГЛА Еве какво време нè очекува денеска

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, утринска магла во одделни котлини и температури од 3 до 16 степени.

ОБЛАЦИ, ДОЖД И МАГЛА Еве какво време нè очекува денеска
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд. Во одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, која може да ја намали видливоста.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат во интервал од 3 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со можност за појава на слаба магла во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

CATEGORIES
Share This