ПУТИН СО ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Во војна со Европа нема да има победници

Рускиот претседател оцени дека европските лидери не успеале да постигнат стратешки пораз на Русија и изрази сомнеж дека тоа ќе им успее до 2030 година.

ПУТИН СО ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Во војна со Европа нема да има победници
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин упати предупредување за можните последици од директен воен судир меѓу Русија и Европа, оценувајќи дека во такво сценарио нема да има победници.

Говорејќи пред новинарите по самитот Русија-Африка, Путин изјави дека европските лидери досега не успеале да постигнат стратешки пораз на Русија, а според него, малку е веројатно дека ќе успеат во тоа и до 2030 година, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

„Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој нека не го заборави тоа“, порача Путин.

Изјавата на рускиот претседател доаѓа во контекст на продолжените тензии меѓу Москва и европските земји околу безбедноста и војната во Украина. Путин порача дека евентуалниот директен судир би можел да има катастрофални последици и дека во случај на таква ескалација не би можело да се зборува за вистински победник.

Неговата изјава повторно го отвора прашањето за ризиците од понатамошно заострување на односите меѓу Русија и Европа.

КОЈ ЌЕ ПРЕГОВАРА СО ПУТИН ВО ИМЕ НА ЕВРОПА Четири имиња во игра за мир во Украина

CATEGORIES
Share This