ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ Еве каква е состојбата на патиштата

Сообраќајот се одвива непречено без подолги задржувања на граничните премини. Возачите се предупредуваат на можни одрони во клисурите и речните долини.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ Еве каква е состојбата на патиштата
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Апел до возачите да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои опасност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според сезонскиот режим на сообраќај, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This