БАЧЕВ ПРЕДУПРЕДУВА: Три позиции во Брисел, тројца Албанци! Кој ги штити македонските национални интереси?
Лидерот на Единствена Македонија ја отвора дилемата за застапеноста на македонските национални интереси во Брисел и порачува дека на Македонија ѝ се неопходни знаење, стратегија и патриотизам.

Професорот и претседател на Единствена Македонија, Јанко Бачев, преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ го актуелизира прашањето за начинот на кој Македонија ги застапува и брани своите национални интереси во Брисел, еден од најзначајните европски политички и дипломатски центри.
Бачев го поставува прашањето за кадровската застапеност на Македонија на трите значајни позиции во Брисел – во НАТО, во Европската Унија и во специјалната мисија, посочувајќи дека сите три позиции ги извршуваат Албанци.
„Три позиции во Брисел, тројца Албанци! Кој ги штити македонските национални интереси?“, прашува Бачев.
Според неговата порака, за успешна заштита на македонските национални интереси во меѓународните институции неопходни се знаење, јасна стратегија и патриотизам.
Погледнете ја видео изјавата на Бачев во која го отвора ова прашање:

