ТРАМП ГИ РАЗГЛЕДУВА ВОЕНИТЕ ОПЦИИ ЗА ИРАН – САД се подготвуваат за можен удар
На состанокот во Белата куќа биле презентирани можните воени сценарија за Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа одржал состанок на кој биле разгледувани воените опции на САД во однос на Иран, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименувани американски претставници и други добро информирани извори.
На состанокот присуствувале американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб на американската армија, Ден Кејн. Можните воени сценарија ги презентирал адмирал Бред Купер, командант на Централната команда на САД (CENTCOM), која ги надгледува американските воени операции на Блискиот Исток.
Средбата во Белата куќа доаѓа во период на зголемени тензии околу американската политика кон Иран. Според информациите на WSJ, на Трамп му биле претставени повеќе можни воени опции, но од достапните информации не произлегува дека конечна одлука за конкретна воена операција е донесена.
„Волстрит џурнал“ претходно објави дека американските власти информирале неколку арапски земји од Заливот оти Вашингтон се подготвува за можноста од „кратка и интензивна“ воена кампања против Иран по среднорочните избори во САД.
Оваа информација дополнително ги зголемува шпекулациите за можниот следен чекор на администрацијата на Трамп во односите со Техеран. Засега нема потврда дека САД донеле конечна одлука за започнување воена операција против Иран.
ТРАМП И НЕТАНЈАХУ ПРЕД КЛУЧНА ОДЛУКА ЗА ИРАН Или договор или нешто друго

