НОВА НАДЕЖ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РАК Првиот Русин ја завршува терапијата во септември

60-годишен жител на Курската област е првиот пациент кој ја прими персонализираната онковакцина, развиена според молекуларните и генетските карактеристики на неговиот тумор.

НОВА НАДЕЖ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РАК Првиот Русин ја завршува терапијата во септември
Фото: Принтскрин

Првиот пациент кој ја прими новата руска персонализирана онковакцина за третман на меланом ќе ја заврши вакцинациската терапија во септември. Станува збор за 60-годишен жител на Курската област, кој ја примил првата доза од вакцината „неонковак“ во април. Информацијата ја соопшти академикот Александар Гинзбург, научен директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

„Последната апликација на онковакцината, која моментално е закажана, ќе биде на почетокот на септември“, изјави Гинзбург за РИА Новости.

Вакцината е развиена во Центарот „Гамалеја“, а се произведува во Рускиот национален медицински истражувачки центар за радиологија. Нејзината специфичност е во тоа што се подготвува индивидуално за секој пациент, врз основа на молекуларните и генетските карактеристики на неговиот тумор. Руското Министерство за здравство ја одобри вакцината за клиничка употреба во декември.

Според претходните најави на рускиот премиер Михаил Мишустин, ваквиот тип персонализирани лекови би требало да им бидат достапни на руските пациенти во рамки на задолжителното здравствено осигурување.

CATEGORIES
Share This