НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ Толку милијарди литри пиво извезе Европа, а еве кој е број 1
Белгија ја задржа титулата најголем извозник, додека Франција е европски лидер по увоз на пиво.

Европската Унија минатата година извезла 3,2 милијарди литри пиво со алкохол во земји надвор од Унијата, но тоа е пад од 11 проценти во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Евростат.
И покрај намалувањето на извозот, Белгија останува водечка пивска сила во Европа. Земјата во 2025 година извезла вкупно 1,5 милијарди литри пиво, вклучувајќи ги и испораките во рамките на Европската Унија.
На второто место се најде Холандија со 1,4 милијарди литри извоз, додека Германија е трета со 1,3 милијарди литри. Четвртата позиција ја делат Чешка и Ирска, кои извезле по околу 600 милиони литри пиво.
Во исто време, увозот на пиво од земји надвор од ЕУ бележи раст. Минатата година земјите членки увезле 500 милиони литри пиво, што претставува зголемување од шест проценти во однос на претходниот период.
Франција е најголемиот увозник на пиво во рамките на Унијата, со 900 милиони литри увезени во 2025 година. Следуваат Италија со над 700 милиони литри, Германија и Шпанија со по 600 милиони литри, како и Холандија со околу 300 милиони литри.
Евростат ги објави податоците по повод Меѓународниот ден на пивото, кој традиционално се одбележува секој прв петок во август.
ХРВАТСКА ПРОТИВ ПИЈАНИЦИТЕ Забрана за студено пиво во вечерните часови

