НЕ Е ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ – Градоначалничката со силна порака по несреќата

Надлежните институции веќе се на терен и се утврдуваат причините за трагедијата.

НЕ Е ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ – Градоначалничката со силна порака по несреќата
Фото: Принтскрин

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изрази длабоко жалење за трагичниот настан во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени.

Таа упати искрено сочувство до семејството на починатиот и им посака брзо закрепнување на повредените, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните и работниците мора да биде врвен приоритет и не смее да се користи за политички цели.

Од општината информираат дека надлежните институции веќе постапуваат и се спроведуваат проверки за утврдување на сите околности поврзани со несреќата. Локалната самоуправа целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно нивните наоди и препораки.

Градоначалничката апелираше до јавноста за одговорност и воздржаност од ширење непроверени информации, потенцирајќи дека ваквите случаи бараат сериозен институционален пристап, а не политизација.

„Општината останува отворена за институционална дебата, но сите одлуки мора да се засноваат на факти и стручни анализи. Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста веднаш штом ќе има официјално потврдени информации“, истакна таа.

Како што додаде, приоритет на општината останува заштитата на граѓаните, почитувањето на законите и одговорното постапување во интерес на јавноста.

CATEGORIES
Share This