РОДИТЕЛИ, ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ Започна исплатата на додатокот за дете

Корисниците можат да располагаат со средствата преку банкомати, платежни картички и електронско банкарство, а исплатата е достапна и на банкарските шалтери.

РОДИТЕЛИ, ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ Започна исплатата на додатокот за дете
Фото: Принтскрин

Започна исплатата на родителскиот додаток за дете за месец септември 2026 година, информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Граѓаните кои го остваруваат ова право и поседуваат дебитна картичка можат да ги подигнат средствата од банкоматите на банките, но и директно да ги користат за плаќање во продавниците и другите продажни места.

На корисниците им е овозможено и безготовинско располагање со парите преку електронско и мобилно банкарство.

За оние што не користат платежни картички, средствата од денеска се достапни за подигнување на шалтерите во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Од Министерството потврдуваат дека исплатата е во тек, со што корисниците на родителскиот додаток можат да ги користат средствата што им следуваат за септември.

CATEGORIES
Share This