ВАЖНО ЗА СКОПЈАНИ Од утрово почнуваат прекини на струјата и водата – еве каде и до кога
Поради планирани зафати на електродистрибутивната и водоводната мрежа, делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода.

Жителите на повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради најавени технички интервенции на мрежите. Според информациите од ЕВН „Македонија“ АД, планирани исклучувања на електричната енергија ќе има во пет скопски општини, и тоа во различни временски периоди.
Во Општина Чаир, од 8:00 до 11:30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Славеј Планина“, како и корисниците на улиците „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“.
Во Општина Сопиште, од 9:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен за дел од Горно Соње, поточно за подрачјето од црквата „Св. Никола“ нагоре.
Во Општина Аеродром, од 9:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Ѓорѓи Капчев“ број 31, како и на улиците „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.
Во Општина Кисела Вода, од 9:00 до 12:00 часот, без напојување ќе останат фирмата СТХ ДОО Скопје, сместена во кругот на Стаклара, и дел од околните објекти.
Во Општина Бутел, од 9:00 до 13:00 часот, планиран прекин ќе има за дел од корисниците на улицата „Боро Кралевски“ во населбата Радишани.
Од ЕВН апелираат граѓаните да покажат разбирање додека се изведуваат неопходните активности за одржување на електродистрибутивната мрежа.
Покрај прекините на електричната енергија, дел од скопјани денеска ќе останат и без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради поврзување нова водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб, во близина на поранешната фабрика „Треска“, ќе биде прекинато водоснабдувањето на повеќе улици. Без вода ќе останат корисниците на улиците:
- „Христо Смирненски“
- „9-ти Мај“
- „Роза Луксембург“
- „Диме Аницин“
- Дел од „Митрополит Теодосиј Гологанов“
- „Васил Стефановски“
- „Петар Попарсов“
- „Костурски Херои“
- „Борка Талевски“
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до целосно завршување на работните активности. Засега не е прецизирано кога точно ќе биде нормализирано снабдувањето со вода, па граѓаните од засегнатите улици треба навреме да се подготват за привремениот прекин.

