ПОДГОТВЕТЕ ГИ ЧАДОРИТЕ Дожд и засилен ветер ќе ја зафатат Македонија – еве кога
Денот ќе започне со променлива облачност и повремени сончеви зраци, но попладне и во текот на ноќта се очекува промена на временските услови.

Фото: Принтскрин
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и температура во интервал од 5 до 24 степени информираат од Управата за хидрометеоролошкин работи на Македонија. Сепак, во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, а на одделни места ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе добива на интензитет, особено долж Повардарието.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе засилува.
CATEGORIES Македонија

