МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ – Бесплатен концерт што не се пропушта
Настан поддржан од државниот врв и Министерството за култура.

На 22 април во 20:00 часот, во Камерната сала на НУ Филхармонија во Скопје ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност Скопје „Солисти на ФМУ“. Настанот ќе се реализира под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, со поддршка и покровителство од Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, како и од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.
Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр. 3 во ре мажор, BWV 1054 од Ј. С. Бах.
Програмата на концертот опфаќа дела од Х. Персел, Н. Јомели, Л. В. Бетовен, А. Скрјабин, Ј. Сибелиус и Сергеј Прокофјев, нудејќи разновиден музички избор кој се протега од барокот до 20 век.
Влезот на концертот е бесплатен, со што на пошироката јавност ѝ се овозможува да ужива во изведбите на млади и перспективни музичари.
