ГОЛЕМ КУЛТУРЕН НАСТАН ВО ШТИП – Во чест на поетот за Ацо Шопов
Настанот се одбележува по повод 44 години од смртта на Ацо Шопов.

Во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип, денеска, 22 април (среда), со почеток во 12:00 часот, во Спомен-собата на установата се одржа манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на големиот македонски поет Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт.
Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски литературни имиња и има за цел да придонесе кон зачувување, негување и афирмација на неговото богато книжевно наследство.
Во рамки на програмата беа доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов. Добитници на признанијата се Божин Павловски, како и ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија.
Проектот е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
