МБАПЕ УДРИ ДИРЕКТНО Ако ја освојам ‘Златната топка’, нема да биде неправедно

Французинот смета дека бројките и историските рекорди се доволен аргумент за најпрестижната индивидуална награда.

МБАПЕ УДРИ ДИРЕКТНО Ако ја освојам ‘Златната топка’, нема да биде неправедно
Фото: Принтскрин

Килијан Мбапе верува дека има сериозни аргументи за освојување на „Златната топка“, иако сезоната со Реал Мадрид и настапите со репрезентацијата на Франција не ги круниса со трофеј.

Францускиот напаѓач во интервју за „Л’Екип“ отворено порача дека, според неговата проценка, во изминатата сезона немало фудбалер кој бил подобар од него.

Мбапе постигна 25 голови во Ла Лига и уште 15 во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата продолжи да испишува историја. Тој стигна до 22 гола на Светските првенства, со што го надмина Лионел Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите.

Токму индивидуалните достигнувања се меѓу главните аргументи со кои Мбапе ја брани својата кандидатура за најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал.

„Луѓето велат дека немам освоено ниту еден трофеј? Никогаш не сум видел ‘Златна топка’ која едногласно ги исполнувала апсолутно сите критериуми. Дали некогаш постоел некој кој ја освоил ‘Златната топка’ со 100 отсто од гласовите? Не. Тоа значи дека секогаш постои некој кој смета дека тој играч не ја заслужил.

Да се биде најдобар стрелец во историјата на Светското првенство е нешто што длабоко се врежува во сеќавањето. Да се биде најдобар стрелец на сите најважни натпреварувања на кои играат најдобрите фудбалери, не знам дали тоа некогаш било постигнато.

Секогаш тргнувам од принципот дека историскиот успех мора да биде награден. Кога ќе ги разгледате аргументите, кога ќе ја погледнете конкуренцијата… си велам: доколку ја освојам, тоа нема да биде неправедна одлука“, истакна Мбапе.

Французинот досега не успеал да ја освои „Златната топка“. Неговиот најдобар пласман е третото место во 2023 година.

Сега 27-годишниот напаѓач се надева дека конечно ќе стигне до најголемото индивидуално признание во светскиот фудбал, потпирајќи се на своите бројки и историските рекорди.

CATEGORIES
Share This