МАКЕДОНИЈА ТРГНУВА ПО ЕВРОПСКИОТ СПЕКТАКЛ Со Србија и Словенија во трка за ЕП 2034

Трите ракометни федерации поднесоа заедничка кандидатура, а ЕХФ ќе ја донесе конечната одлука на 18 септември 2027 година.

МАКЕДОНИЈА ТРГНУВА ПО ЕВРОПСКИОТ СПЕКТАКЛ Со Србија и Словенија во трка за ЕП 2034
Фото: Принтскрин

Ракометната федерација на Македонија, заедно со ракометните сојузи на Србија и Словенија, официјално поднесе заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во ракомет во 2034 година.

Покрај трилатералната кандидатура на Македонија, Србија и Словенија, интерес за домаќинство на континенталниот шампионат пријавија и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција.

Во следниот период трите национални федерации ќе ја интензивираат соработката околу подготовката на кандидатурата. Целта е заедничкиот проект да биде претставен пред Европската ракометна федерација (ЕХФ) како целосна и сериозна понуда за организација на првенството.

Одлуката за домаќинот на Европското првенство во 2034 година ќе биде донесена на редовниот конгрес на ЕХФ, кој ќе се одржи на 18 септември 2027 година.

МАКЕДОНИЈА ВО ТРКА ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Со Србија и Словенија атакува на EHF EURO 2034

CATEGORIES
Share This