ЛЕТАА МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ ВО ТИРАНА – Демонстранти и полиција во директен судир пред институциите
Демонстрантите побараа оставка од албанскиот премиер, а протестот прерасна во жестоки судири со полицијата.

Судири избија меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на албанската опозиција во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.
Пред зградата на владата, учесниците на протестот организиран од Сали Бериша и неговата Демократска партија побараа оставка од албанскиот премиер Еди Рама.
По говорите пред владината зграда, демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи, но беа запрени од силно полициско обезбедување. Полицијата употреби водени топови за да ја оттурне толпата, по што дојде до ескалација на тензиите.
Според извештаите, дел од демонстрантите фрлале молотови коктели и други предмети кон полицијата, додека безбедносните сили возвратиле со солзавец и водени топови за растерување на насобраните граѓани.
Албанските медиуми јавуваат дека поради протестите биле блокирани неколку главни улици во Тирана.
