ДРАМА ОКОЛУ ГРУЕВСКИ – Мицкоски откри што ќе се случи ако се врати во Македонија

Премиерот Мицкоски порача дека судските одлуки мора да се почитуваат.

ДРАМА ОКОЛУ ГРУЕВСКИ – Мицкоски откри што ќе се случи ако се врати во Македонија
Фото: Принтскрин

Екс-премиерот Никола Груевски е осуден од надлежните судски органи во земјата и Владата ја почитува таа одлука, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што би се случило доколку Груевски се врати во Македонија.

Во врска со можноста за негова екстрадиција, за која претходно беа упатени најави од унгарска страна, Мицкоски посочи дека станува збор за прашање кое е во надлежност на унгарските власти и македонските правосудни институции. Тој потсети дека претходното барање за екстрадиција било одбиено од Унгарија во 2019 година.

„Доколку Груевски се појави во Македонија, органите на редот ќе постапат согласно законот и ќе го упатат на издржување на затворската казна“, рече премиерот.

Тој додаде дека сите постапки поврзани со случајот се во надлежност на институциите, пред сè на Министерството за правда, нагласувајќи ја разликата меѓу улогата на Владата и ресорните органи.

Мицкоски се осврна и на политичките случувања во Унгарија и победата на Петар Маѓар, при што упати честитки и изрази очекување за продолжување на соработката меѓу двете земји.

Според него, новата унгарска влада треба да продолжи со проевропски и проинтегративни политики, како и со поддршка на евроинтегративниот процес на земјите од регионот, вклучително и Македонија, и зајакнување на стратешкото партнерство на патот кон Европската Унија.

CATEGORIES
TAGS
Share This