ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО ПРЕТХОДНО – Историски приходи од Царината ги изненадија сите

За првпат надмината границата од 12 милијарди денари месечни приходи

ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО ПРЕТХОДНО – Историски приходи од Царината ги изненадија сите
Фото: Принтскрин

На настанот во Филхармонијата по повод 34 години од постоењето на Царинската управа, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека институцијата во последните 20 месеци постигнала историски резултати, со највисоки приходи досега.

Тој нагласи дека Царинската управа функционира поефикасно, подобро организирано и со поголема одговорност, посочувајќи дека за првпат е надмината границата од 12 милијарди денари месечни приходи, што според него е резултат на системски пристап, засилени контроли и подобрена координација.

Мицкоски оцени дека овие резултати се дел од пошироките политики на Владата насочени кон намалување на сивата економија, зголемување на наплатата и воспоставување ред во институциите. Тој додаде дека на почетокот бил затекнат неефикасен систем, но дека во изминатиот период е направена значајна нормализација и подобрување на работата.

Како клучни фактори за резултатите, премиерот ги посочи и дигитализацијата на процесите и засилената борба против корупцијата, нагласувајќи дека институцијата сега функционира постабилно и поорганизирано.

Тој упати благодарност до директорот на Царинската управа на Северна Македонија, Бобан Николовски, како и до министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска, истакнувајќи дека добрата координација меѓу институциите е клучна за постигнатите резултати.

Мицкоски нагласи дека во иднина фокусот останува на модернизација на системите, унапредување на капацитетите и поефикасна услуга за стопанството, но и на силна и бескомпромисна борба против нелегалните активности.

На крајот, тој им се заблагодари на сите вработени во Царинската управа за нивната работа и придонес, честитајќи им го 34-годишниот јубилеј, со порака дека резултатите треба да бидат поттик за уште поголеми успеси во иднина.

CATEGORIES
Share This